За проектот
Резиме на проектот
Алохтоните видови се широко признати како една од главните закани за акватичната биолошка разновидност и влијанието врз човечката благосостојба. На Балканот главни коридори за нивното ширење се прекуграничните реки и езера чии теченија се низ голдем број земји и создаваат судир на интереси бидејќи водните ресурси се нерамномерно распоредени меѓу државите. Очигледен беше јаз во знаењето за присуството, дистрибуцијата и влијанијата на водните алохтони видови на Балканот. Главната цел на Проектот RiskMan е да се зајакне образовниот капацитет за управување со ризикот кај водните алохтони видови во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора преку промовирање на образованието на засегнатите страни и студентите од високото образование и стимулирање на соработката меѓу земјите партнери. За таа цел, конзорциумот RiskMan предлага да се дизајнира сеопфатен сет на мерки базирани прво на новите предложени образовни насоки за да се зголеми способноста на локалните целни групи да ги ублажат и проактивно да го спречат потенцијалното негативно влијание врз социо-еколошките системи. Конзорциумот RiskMan ќе ја промовира соработката на академици од Програмските земји за да ги споделат своите искуства со универзитетите и невладините организации членки на земјите партнери. Специфичните цели на проектот се: ажурирање на вештините на високообразовниот систем за управување со водните алохтони видови во земјите партнери во согласност со меѓународните директиви; поддршка на земјите - партнери за решавање на предизвиците во врска со проценката и управувањето со ризикот, учеството на засегнатите страни, планирањето и управувањето со капацитетите и индустриите за аквакултура; промовирање на доброволна конвергенција со развојот на ЕУ во високото образование и индустријата за рибарство и придонесување за соработка помеѓу партнерите од конзорциумот за управување со алохтоните видовите; развивање на модел за управување со ризик за алохтони акватични видови за Западен Балкан; етаблирана рамка за политика за создавање нова професија. Конзорциумот RiskMan вклучува 13 меѓународни партнери од земјите на ЕУ и Западен Балкан и е финансиран од Европската унија преку програмата ERASMUS+ CBHE 2020 година. Главната цел на проектот е да се промовира едукацијата на засегнатите страни и високото образование во областа на проценка на ризикот од алохтоните акватични видови и да се стимулира истражување и соработка за управување со алохтоните видови во регионот на Западен Балкан.
Партнери на RiskMan:
- Универзитет Muğla Sıtkı Koçman (Турција- координатор)
- Универзитет во Палермо (Италија)
- Универзитет во Загреб (Хрватска)
- Екоменлог (Северна Македонија)
- Хидробиолошки завод Охрид (Северна Македонија)
- Албански центар за заштита на животната средина и одржлив развој (Албанија)
- АЛБ АДРИАТИКО 2013 (Албанија)
- Земјоделски универзитет во Тирана (Албанија)
- Универзитет во Сараево (Босна и Херцеговина)
- Универзитет во Црна Гора (Црна Гора)
- iSea (Грција)
- Универзитет во Бихаќ (Босна и Херцеговина)
- Универзитетски колеџ за бизнис (Албанија)