РП3: Имплементација на моделот за управување со ризик за Западен Балкан
РЕЗИМЕ
РП3: Имплементација на моделот за управување со ризик за Западен Балкан
Со овој работен пакет (РП), сакавме да им дадеме можност на засегнатите страни да ги разберат основните концепти за управување со ризик. Во денешно време, управувањето со ризикот е важна истражувачка тема бидејќи ризиците се секогаш присутни во индустриската активност. Комплексноста на индустриските активности (аквакултура, акваристика, рибарство, бродски превоз, итн.) и ризикот од бегство/пренесување неавтохтони (НА) видови од областите на аквакултурата генерираат појава на ризици кои мора да се земат предвид во процесот на одлучување. Поради оваа причина, го развивме овој РП за да ги разјасниме основите на управувањето со ризик преку краток нов предлог за преглед на литература за управување со ризик. Нашето оправдување за овој обид лежи во причината што оваа област е многу актуелна во денешницата, па заота се обидовме да го развиеме најновиот план за управување со НА видовите од Западен Балкан. Значи, претпоставката на РП3 е да им обезбеди на партнерите од Западен Балкан корисни алатки за да можат да ги разберат ефектите на НА видовите врз економијата, образованието и општеството. Ризиците поврзани со овој РП се недостиг и достапност на тековни политики, образовни практики и принципи во областа на проценка на ризик од НА водни видови.
Првите два дела од РП3 имаа за цел да извршат преглед на литература за тековното знаење за моделите за управување со ризик во рамките на концептите за неавтохтони видови, ризик, управување со ризик и методологијата за изведување на овие видови модели. Според литературата, се утврди дека алатките за поддршка на одлуки се суштински инструменти за анализа на ризик на НА видовите бидејќи помагаат во идентификација (скрининг) и проценка на ризиците поврзани со НА видовите, како и обезбедување поддршка на носителите на одлуки вклучени во нивното управување. Тие во меоментот се користат во бизнисот, општествените науки, медицината, политиката, игрите, информатичките технологии и транспортот, и тие се главни градежни блокови во управувањето со животната средина и науката денес. Првиот чекор во процесот на анализа на ризик е скрининг на потенцијално инвазивните НА видови, кои имаат за цел да идентификуваат кои видови најверојатно ќе бидат инвазивни (и затоа бараат сеопфатна проценка на ризиците) и кои се со помала веројатност да бидат инвазивни (и затоа се со помала веројатност да бараат детална анализа).
Беше предложен пристап со двоен чекор за општа имплементација на управувањето со ризик за сите засегнати страни. Ова предвидува интегративна употреба на две различни методологии: комплет за скрининг за инвазивност на водни видови (AS-ISK) за да се процени ризикот од инвазивност на НА видови и метод на максимална ентропија (MaxEnt) за предвидување на дистрибуцијата на неавтохтони видови во Западен Балкан. Комбинираната и интегрирана употреба на двете методологии беше тестирана за некои добро познати НА видови од ажурираните листи со НА видови за земјите од Западен Балкан, добиени како еден од резултатите на РП2.
Алатката AS-ISK v.2.3 беше искористена за да се процени ризикот од инвазивност на некои водни неавтохтони видови во истражуваната област. За проценката, беа дадени праговите AS-ISK за основна проценка на ризик (BRA) и BRA + проценка на климатските промени (CCA) според Vilizzi et al. (2021). Беа избрани вкупно 17 видови, од секоја од 3-те земји партнери (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) и за земјите од Програмата на Балканот (Хрватска и Северна Македонија) и беше извршена проценка на ризикот: 10 слатководни риби, 2 морски риби, 2 слатководни без'рбетници, 2 морски без'рбетници и 1 слатководен растителен вид. Некои видови беа оценети од повеќе од еден оценувач и/или од различни области на оценување.
Втората користена алатка беше методот Максимална ентропија (MaxEnt), еден од најшироко користените алгоритми како модел за дистрибуција на видови (SDM) кој ја поврзува појавата на видовите со соодветните еколошки варијабли за да се проценат соодветните живеалишта за целниот вид. MaxEnt методот беше искористен за да се испита потенцијалната дистрибуција и соодветноста на живеалиштата на некои водни неавтохтони видови присутни во регионот на Западен Балкан. Видовите беа исти како оние избрани за анализа на проценка на ризик со помош на алатката AS-ISK и припаѓаат на различни таксони вклучувајќи слатководни и морски риби и безрбетници, како и слатководни растителни видови. Maxent беше искористен во оваа студија за да се утврдат соодветните живеалишта на избраните видови според нивните појави и поврзаните еколошки варијабли. Пред да се стартуваат моделите, податоците за животната средина беа пресметувани со методот „интерполација на најблискиот сосед“ за да се добие највисока можна просторна резолуција.
Комбинацијата помеѓу методот MAXENT и алатките за проценка на ризикот како AS-ISK може да им помогне на креаторите на политики и менаџерите да донесат сигурни и добро избрани одлуки за веројатните мерки за управување во блиска иднина.
Најшироко и најчесто предложени пристап во литературата во процесот на управување со ризик е линеарниот пристап од 5 чекори:
-
Идентификација на ризикот;
-
Анализа на ризикот;
-
Евалуација (приоритизација) на ризикот;
-
Справување со ризикот;
-
Следење и известување за ризикот.
Така, според овој пристап и интегрирајќи ги резултатите од РП1, РП2 и РП3, беше предложен следниот модел за управување со ризик за земјите од Западен Балкан:
-
Идентификување на ризикот: преглед на регулативата на политиките, дефинициите за животната средина и плановите за управување; образовно ниво и пракса во образованието и социоекономска перцепција на ННВ (резултати од РП1); Спроведено е собирање литературни податоци и информации преку вклучување на засегнатите страни во идентификацијата на ризиците за секторите аквакултура и рибарство и рано откривање на ННВ (резултати од РП2).
-
Анализа на ризикот: со цел да се спроведе континуирана анализа на влијанието на ННВ, партнерите предлагаат имплементација на Национална стратегија за инвазивни видови и акционен план во врска со законодавството на ЕУ за да се блокира загубата на биолошката разновидност и борбата против климатските промени за 3-те Целни Западни Балкански земји (резултати од РП1).
-
Евалуација (приоритизација) на ризикот: партнерите ја тестираа комбинираната употреба на алатките AS-ISK и MaxEnt со цел да се даде приоритет на ризикот (т.е. да се оценат ННВ со најголемо штетно влијание) (резултати од РП3).
-
Справување со ризикот: со цел да се подобри способноста за одговор на партнерството, имплементирани се приспособени курсеви и нова наставна програма или ажурирање на постоечките (резултати од РП4 и РП5)
-
Следење и известување за ризикот: предлага спроведување на контрола врз воведувањето, ослободувањето и воспоставувањето на нови ННВ; предлага воспоставување гранична контрола и биосигурност за 3-те целни земји од Западен Балкан и соседните балкански земји.
Како дополнителен резултат, се предлага Професионалната фигура (работен профил) - „Менаџер за ризик“.