WP1 - РЕЗИМЕ

WP1 - РЕЗИМЕ

WP1 - РЕЗИМЕ

Заедно со климатските промени, интродукцијата (внесувањето) на ненативни видови (НВ) е широко прифатена како една од главните закани за водниот биодиверзитет и благосостојбата на луѓето. Првата регулатива на европското законодавство за НВ чиј таргет беа инвазивните ненативни  видови (ИНВ) стапи на сила во 2014 година со регулативата на ЕУ 1143/2014 за спречување и управување со внесувањето и ширењето на ИНВ. Според горенаведената регулатива, земјите-членки (ЗЧ) треба да преземат мерки за детектирање на патеките (начините) на ненамерно внесување, рано откривање и брзо искоренување на НВ како и за управување со видовите кои се веќе распространети на територијата на ЗЧ. Сепак, сè уште не е познато дали оваа регулатива влијаела на преземање на активности  во насока на ИНВ во земјите што не се членки на Балканот, иако од земјите-членки се бара да поттикнат соработка со трети земји во врска со спроведување на регулативата од страна на ЗЧ (Член 22). ИНВ и биодиверзитетот се генерално со низок приоритет во политичките агенди на многу земји, особено за европските земји надвор од Европската Унија . Понатаму, од земјите што не се членки на ЕУ не се бара да ги спроведуваат законите на ЕУ во врска со ИНВ, што може да ги остави коридорите за внес на ИНВ отворени. Затоа, целите и задачите што се однесуваат ИНВ на Западен Балкан според WP1 вклучуваат анализа на: (1) законодавство за ИНВ; (2) дефиниции за животната средина и плановите за управување; (3) ниво на образование и практика во образованието; и (4) социоекономски перцепции. Исто така, развиени се практики за управување со ризици и даден е патоказ за имплементација и управување со ризиците од внесување на ИНВ во земјите од  Западен Балкан. Исто така беше анализиран и развојот на образованието.

Регулативата на ЕУ бр. 1143/2014 е имплементирана во земјите на Програмата (Италија, Грција и Хрватска) и во Црна Гора како земја-партнер. Албанија и Босна и Херцеговина немаат посебно законодавство за ИНВ. Дополнителен проблем на Босна и Херцеговина е сложената државна структура и недостатокот на единствена законска регулатива на државно ниво. Албанија е повеќе фокусирана на заштита на морскиот биодиверзитет отколку на слатките површински води.

Во земјите на Западен Балкан, националните списоци со ИНВ се нецелосни и треба да се ажурираат. Идентификувани се различни дефиниции за ИНВ кои обично се регулираат со законодавството во земјите чие законодавство веќе ги третира ИНВ. Програмите за мониторинг кои се насочени кон ИНС сè уште не се започнати во Програмските земји на ЕУ, освен во Хрватска. Очигледно, недостатокот на финансиски средства ги спречува земјите да започнат ваква активност. Алатките за управување со ризици како што е AS-ISK (Aquatic Species-Invasiveness Screening Kit) се користени само на академско ниво, но во пракса управувањето со ризиците од ИНВ не е спроведено во ниту една од испитаните земји. Повеќето земји се едуцираат за ИНВ преку студиски предмети поврзани со проектни активности кои ја претставуваат главната образовна практика. Земјите од Програмата (Хрватска, Турција) и партнерските земји (Албанија и Босна и Херцеговина) организираат предавања за влијанијата врз животната средина и / или социо-економските влијанија на НВ и ИНВ во додипломски, магистерски и / или докторски студии.

Нивото на образование  е во корелација со имплементацијата на ИНВ во законодавството  но сеуште е недоволно развиено. Свеста и едукативната подготвеност на граѓаните за проблематиката со ИНВ во партнерските земји се оценети како ниски при што, идентификувани се различни визии за пристапот на справување со ИНВ. Целни групи на програмите за образование за ИНВ во регионот ќе бидат студентите, заинтересираните страни како што се малите и средни компании кои се бават со  риболов, земјоделството, туристичката индустрија (национални паркови, здруженија на рибари, здруженија за спорт и рекреација, итн.) како и засегнатите страни  кои имаат управуваачка улога (локална самоуправа и централна влада). Врз основа на проценетата моментална состојба во земјите партнери на Западен Балкан, идентификувани се следниве опции:

(1) Развој на Национална стратегија и акциони планови за инвазивни видови;

(2) Изготвување на конзистентно национално законодавство во согласност со стратегијата и акциониот план;

 (3) Стратегија за комуникација во и надвор од територијалната рамка;

(4) Подобра контрола врз внесувањео, ширењето и следењето на нови видови;

(5) Воспоставување на гранична контрола и биосигурност;

(6) Анализа на ризик;

(7) Развој на стратегија за подигање на свеста за ИНВ;

(8) Развој на стратегија за образование заснована врз идентификувани целни групи.

Преку заеднички напори и добра комуникација, овие можности може да се спроведат во земјите на Западен Балкан за да се спречат понатамошни загуби на биодиверзитетот.